Денешно рочиште за случајот „Титаник” е одложено за 16 декември поради претходно закажено судење за предметот „ТНТ", кој го води истиот судија, Осман Шабани, како и тоа што во двата предмети обвинет е поранешниот министер Миле Јанакиевски.
Овој судски предмет иако преставува едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, се уште е во фаза на доказна постапка. Обвинението за „Титаник" го застапенува обвинителката Лиле Стефанова. Меѓу обвинетите за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела се и поранешната министерка Гордана Јанкуловска и поранешниот пратеникот Илија Димовски. Воедно, во отсуство му се суди и на Никола Груевски, кој мометално има статус на азилант во Унгарија.