Турција издаде нов навигациски телекс, Навтекс, за подрачјето од Источен Медитеран каде што турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ќе ја спроведува својата работа до 29 ноември, јавува Агенција Анадолија.
Според најавата, мисијата ја продолжува работата за осум дена што ќе ја спроведе бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“.
„Оруч Риес“ ќе спроведе разни геолошки, геофизички, хидрографски и океанографски истражувања, како и потрага по природни ресурси.
Одлуката на Анкара да истражува гас во спорните води на Медитеранот предизвика тензии со соседна Грција и Европската унија.
Грција и Турција, сојузнички во НАТО тврдат дека имаат право на истата област во источен Медитеран.
Франција и Германија и порачуваат на Турција да не провоцира
Навтекс е поморски комуникациски систем кој им овозможува на бродовите да ги информираат другите пловила за нивното присуство во одредена област, како и за приложување други информации.