Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека патријархот на Српската православна црква Иринеј е жив, но дека се наоѓа во тешка здравствена состојба.
По полициската вежба „Обрач 2020“, Вучиќ, запрашан за здравствената состојба на патријархот, кажа дека патријархот се наоѓа во „не лесна состојба“.
„Фала му на Бога, жив е. Тој беше во подобра состојба пред три часа. Сега таа ситуација е тешка. Пред 55 минути тој беше интубиран“, кажа Вучиќ и додаде дека лекарите се борат за животот на патријархот.
Влошена состојбата на српскиот патријарх Иринеј поради ковид-19
Според Горан Стевановиќ, директор на Инфективната клиника, патријархот е во црвената зона.