Откако ги укина економските промотори во 2017 година, владата сега најавува испраќање економски советници во амбасадите кои треба да привлекуваат странски инвестиции. Дел од домашните аналитичари на проектот гледаат како на отворање нови атрактивни позиции за заслужни партиски кадри.