Во последните 24 часа се регистрирани 990 нови случаи на ковид-19 од направени 2655 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Во Скопје има 378 нови случаи, во Прилеп 55, Велес 54 Гостивар 54, Штип 51, Куманово 48, Битола 44 , Тетово и Охрид по 39, Струга и Кочани по 27
, Кавадарци 24, Струмица и Неготино по 19, Гевгелија 16, Кичево 14
Свети Николе и Ресен по 11, Виница 10, Берово 9 , Делчево 8,
Дебар 6, Крушево, Македонски Брод и Пехчево по 4 нови случаи, Крива Паланка, Радовиш, Демир Хисар и Кратово по три, Пробиштип два и Валандово еден нов случај.
Починати се 24 лица, седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти.
МЗ - Во болница се лекуваат 1111 пациенти со ковид, слободни кревети има
Досега во земјата се направени вкупно 292.189 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.