Во последните 24 часа се регистрирани 515 ново инфицирани со коронавирусот од спроведени 1293 тестови, соопшти Министерството за здравство. Најмногу нови инфицирани има во Скопје 207, а потоа следуваат Куманово и Штип со по 33, Прилеп 25, Битола 22, Кочани и Велес по 21, Кичево 18, Тетово и Струмица по 17, Кавадарци и Гостивар по 16, Неготино 12, Делчево 11 и Берово 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка заболени.
Во истиот период починале 20 луѓе, меѓу кои 38 годишен прилепчанец и 36 годишен тетовец, а сите пациенти се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти.
Со денешните бројки вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата досега изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.