Руската армија соопшти дека еден нејзин војник убил три лица во воена воздушна база на западот на земјата. Инцидентот се случил во регионот Воронеж, денеска рано наутро, се вели во соопштението на прес-службата на Западниот воен округ.
"Еден дежурен војник нападнал офицери кои пристигнале да ја проверат дежурната смена, зел пиштол од службениците и избегал од местото. Трите лица се здобиле со смртоносни повреди како резултат на нападот", се вели во соопштението и се додава дека „командантите на воената единица, кои дејствуваат заедно со агенциите за спроведување на законот, работат на пронаоѓање и приведување на напаѓачот“.