И Азербејџан и Ерменија објавија за нови борби во и околу Нагорно Карабах, со тоа што секоја страна ја обвинува другата, бидејќи се намалија надежите за продолжување на преговорите за прекин на огнот меѓу двете страни.
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека ерменските сили продолжуваат со нападите врз азербејџанските градови и села на 5 ноември.
Де факто Министерството за одбрана на Нагорно Карабах, пак, соопшти дека спречило обид на азербејџанските сили да започнат офанзива во источниот сектор на зоната на конфликтот Нагорно-Карабах.
Азербејџан ќе оди докрај во конфликтот со Ерменија околу Ногорно Карабах
Нагорно-Карабах е признат како дел од Азербејџан, но етничките Ерменци кои го сочинуваат поголемиот дел од населението го отфрлаат владеењето на Азербејџан. Тие управуваат со поддршка од Ерменија, откако трупите на Азербејџан беа истиснати од регионот во војна што заврши со прекин на огнот во 1994 година.