Холандија не гледа никаква пречка за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија, јави МИА. Одлуката на Владата на Холандија е доставена до Парламентот за да се донесе конечната одлука.
Во делот за Македонија, пренесува Македонската информативна агенција повикувајќи се на „Ора њуз“, холандската Влада оценува дека земјата продолжува да ги спроведува неопходните реформи и дека е посветена на патот кон членство во ЕУ.
Билд: Нема напредок ако една држава наметнува некаква „историска вистина“
„Во областа на владеење на правото, Северна Македонија спроведе бројни реформи, има напредок во борбата против организираниот криминали корупцијата. Исто така, се проширува соработката со Еуропол, а особено подобрување има бројот на обвиненија за осомничени на ‘високо ниво‘. Холандската влада смета дека извештајот за напредокот на Северна Македонија покажува главно позитивна слика за напредокот на реформскиот процес. Напредок има во владеење на правото, борба против корупцијата, јавните финансии и безбедносниот апарат, области кои се особено важни за Холандија“, објаснува холандската Влада.
Барањата на Софија- нереални и нерационални
Што се однесува до Албанија, Владата на Холандија е против свикувањето на првата Меѓувладина седница меѓу Албанија и Европската Унија, бидејќи Албанија сѐ уште не ги исполнила условите што ги бара Европскиот совет, пренесе МИА.