Тројцата главни кандидати за нов претседател на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), на која ѝ припаѓа германската канцеларка Ангела Меркел, се согласија одлуката за лидерот на партијата да биде донесена во средината на јануари, објави владејачката партија.
Тоа на Твитер го потврди и Генералниот секретар на ЦДУ, Пол Цимијак. ЦДУ сè уште нема донесено одлука за избор на нов лидер, откако Анегрет Крамп-Каренбауер, која ја наследи Ангела Меркел во 2018 година, објави дека нема да се кандидира за канцелар следната година и дека ќе се откаже од својата позиција во партијата. Состанокот што требаше да се одржи во април по тој повод беше откажан поради пандемијата на коронавирус, а одлуката беше одложена до најавениот редовен состанок на партијата за 4 декември, за денеска се да биде одложено за средината на јануари.
Главни кандидати се Фридрих Мерц (64), поранешен конзервативен лидер на парламентарната група на партијата, Армин Лашет (59), либералниот гувернер на Северна Рајна-Вестфалија и Норберт Ретген (55), кој е претседател на парламентарниот комитет за надворешна политика.