Канадската полицијата изутрината во Квебек го приведе напаѓачот кој со нож синоќа уби две лица и рани петмина други. Нападот е извршен во центарот на Квебек, но засега нема информации за мотивот на нападот за кој е осомничениот 20 годишниот маж.
Потерата на полицијата започна откако очевидци пријавиле напади извршени од човек облечен во средновековна облека и вооружен со нож.
Полицијата ги повика жителите да „останат во затворен простор со заклучени врати зашто истрагата сè уште е во тек“. Ранетите се пренесени во локалната болница со „различно ниво на повреди“.
Нападите се случија во близина на Шато Фротенак, хотел во Квебек, во близина на покраинскиот законодавен дом.