Мерките поврзани против загадувањето не се стопирани целиот овој период. Тоа што како информација го имаме е дека Програмата за намалување на аерозагадувањето, за кое прв пат се издвоија пари, продожи да се спроведува и оваа година и речиси е при крај нејзината реализација, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, набројувајќи ги владините мерки.
Скопје за пет години треба да добие пречистителна станица
Според него, во 20 објекти е заменета опрема со еколошки системи за греење (во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти…) со вкупен износ од 37,4 милиони денари. Нешто над оваа сума е издвоена за 28 објекти каде што е интервенирано за да се вградат енергетски ефиканси фасади, а во тек е јавна набавка за обновување на јавното зеленило во општините во вредност од 5 милиони денари.
Тој нагласи и дека затоплувањето на домаќинствата е дел од проблемот.