Од денеска до 3 ноември во Чешка е во сила седумдневен полициски час, од 21 до 5 часот наутро. Според одлуката на чешката влада, дополнително ќе се ограничи работата на продавниците за малопродажба. Тие мора да бидат затворени до 20 часот и во недела, со исклучок на бензинските пумпи и аптеките. „Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро“, рече министерот за здравство Роман Примула, наведувајќи дека во исклучоците спаѓаат службени патувања и неопходни семејни посети.
Чешкиот министер за здравство ги крши мерките против коронавирус, премиерот бара оставка
Во Чешка на дневна основа има над 10.000 нови случаи на коронавирус. Чешката влада побара од пратениците да ја продолжи вонредната состојба за уште еден месец, односно до 3 декември. Сегашната вонредна состојба треба да истече на 3 ноември.