Ајкула нападнала едно момче од Украина и египетски водич крај египетското одморалиште Шарм Ел-Шеик на Црвеното море. Реткиот напад се случил на 25 октомври кога мајка со нејзиниот 12-годишен син од Украина нуркале со нивниот водич во националниот парк Рас Мохамед. „12-годишното момче се уште е на интензивна нега откако беше оперирано. Неговата рака не може да се спаси", објави украинската Државна агенција за развој на туризмот.
Голема бела ајкула уби нуркач во Австралија
Египетски здравствен службеник изјави дека семејниот водич изгубил една нога, а мајката се здобила со лесни повреди. Египетското Министерство за животна средина соопшти дека првичната истрага сугерира дека нападот го извршила бела ајкула долга 2 метра.