Претседателот Емануел Макрон ќе одржи телевизиско обраќање денеска вечер, соопшти неговиот кабинет, откако францускиот лидер одржа состаноци за а состојбата со епидемијата на коронавирусот во Франција.
Француските власти разгледуваат опции за уште построги мерки за борба против ковид-19, кој постојано се шири во земјата и покрај некои најстроги ограничувања во Европа.
Полициски час во Франција, рекорден број случаи на Ковид-19
Полициски час во Франција, рекорден број случаи на Ковид-19
Елисејската палата не соопшти за што ќе се обрати Макрон, но ваквата телевизиска изјава во минатото беше повод да се најават нови мерки за борба против епидемијата. Според француската влада, одделенијата за интензивна нега на француските болници ќе бидат преполни со пациенти со ковид-19 до 11 ноември, доколку не се стори ништо за да се запре ширењето на епидемијата во Франција.