Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 628 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.236 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 27.827. Починати се 15 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 е 949 луѓе.
Во моментов во земјава има 7.399 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје 3.551 лице, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 353, а потоа следуваат Прилеп со 36, Куманово 33, Тетово 33, Велес 34 и Битола 28.
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти.
Македонското Собрание денеска со 60 гласа „за“ и 32 „воздржани“ се согласија измените и дополнувњата на Законот за заштита на населението од заразни болести да биде донесено по скратена постапка.
Засконот треба до овозможи воврдување нови построги мерки за спречување на ширењето на заразата.