Во изминатите 24 часа на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци, соопшти МВР.
Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со Ковид-19.
Политичарите се караат, докторите апелираат- мерките час поскоро
Носењето маска е дел до мерките за справување со ковид-19. Засега важат правилата маска да се носи во затворен простор, а на отворено кога нема услови за одржување растојание меѓу луѓето. Комисијата за заштита од заразни болести даде препорака, а Владата ја прифати – да се носи и маска на отворено, но за да се стартува со таа мерка се потребни законски измени, кои се во собраниска процедура и се очекува да бидат усвоени идната недела.