Во Словенија се потврдени нови 1656 случаи на коронавирус, нешто помалку од вчера, но има исклучително висок процент на заразени од бројот на тестови, односно скоро 25 отсто, соопшти денеска тамошното Министерство за здравство.
Продолжува да расте и бројот на хоспитализирани и бројот на смртни случаи, поради што владата вчера донесе одлука за привремено „затворање“, кое ќе трае најмалку една недела, пренесува Хина.
Чешкиот министер за здравство ги крши мерките против коронавирус, премиерот бара оставка
Вкупниот број на заразени во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 19307, а во моментов има 11434 активни случаи. Досега починаа 214 лица. Во болниците се лекуваат 394 заразени, а 67 се на интензивна нега, сооопшти Министерството за здравство.
Поради големиот раст на бројот на заболени, наредната недела ќе биде запрен најголем дел од јавниот живот, но и дел од економските активности во целата земја. Најмалку една недела ќе бидат затворени сите угостителски објекти, хотели и трговски центри, со исклучок на продавниците за неопходни прехранбени производи, градежен и технички материјал. Се затвораат ученичките и студентските домови, најголем дел од градинките, а јавниот превоз ќе функционира со третина од капацитетот. Затвораат и козметичките и фризерски салони, како и поголемиот дел од спортските активности, освен за регистрираните спортисти.
Најголем дел од новите рестриктивни мерки стапуваат на сила денеска. И понатаму е на сила забраната за напуштање на матичните региони, а ако овие мерки не дадат резултати, владата размислува да воведе забрана за движење надвор од матичните општини.