Адвокат и активист за граѓански права вели дека бил нападнат и тешко претепан од непознати непаѓачи во рускиот град Улјановск.
Алмаз Кучембајев за РСЕ изјави дека бил нападнат на 21 октомври додека се врќал дома од својата канцеларија доцна вечерта.
Кучембајев рече дека мажот користел лут спреј и железна прачка во нападот, во кој претрпел скршеница на носот и повеќе повреди на главата, за кои биле потребни конци.
Кучембаев - активен член на група која обединува локални адвокати и архитекти кои се борат против нелегална градење на згради во Улјановск, вели дека верува оти нападот бил планиран и поврзан со неговите активности во борбата за професионалните и граѓнски права.
Полицијата била повикана на местото на настанот, каде е започната истрага.