Еврокомесарот за проширување на Европската унија (ЕУ), Оливер Вархеји, на денешната министерска конференција „ЕУ - Западен Балкан“, потврди дека приоритет на Европската комисија се односите со регионот.
„Кога станува збор за миграциите, подобрување на соработката е клучна за зајакнување на способностите за управување со границите и борбата против криумчирањето“, напиша денеска Вархеји на Твитер.
Борел: Брисел очекува што побрзо да се одржи меѓувладина седница
Ковид-19 и миграцијата во светот
Европската комисија најави дека на конференцијата ќе се разговара за соработка во управувањето со миграцијата, вклучително и интензивирање на регионалната размена на информации, подобрување на информациските системи и зајакнување на капацитетите за прием и азил во пресрет на новиот Европски пакт за миграција и азил.