Чешката Влада на вонредна седница донесе одлука за неочекувано затворање на продавниците, освен оние со прехранбени производи и аптеки, од денеска, бидејќи претходните мерки за затворање на училиштата и рестораните капацитети, обврска да се носи маска, радикално намалување на бројот на луѓе кои можат да се соберат надвор и внатре не се доволно ефикасни. „Имаме огромен пораст на бројот на хоспитализирани пациенти. Прво и најважно треба да ги заштитиме животите на нашите граѓани“, рече премиерот Андреј Бабиш.
Во Прага судири на протестот против мерките за ковид-19
Како во пролетта, движењето на граѓаните е ограничено од четврток, освен за до работа и враќање дома. Чешките институции и канцеларии ќе го ограничат работењето со клиенти на најмногу пет часа два дена во неделата за решавање на само неопходните проблеми. „Сега сме на 80 проценти од вкупниот капацитет во болниците. Го зголемуваме бројот на нови приеми во болница, починати и новоинфицирани, што се приближи на 12.000. Третина од сите тестови се позитивни, што значи дека има голем број на заразени луѓе меѓу популацијата Со репродукција од 1,36, ние сме на пат да ги пополниме капацитетите“, рече министерот за здравство, Роман Примула.