Границата меѓу Канада и Соединетите држави ќе остане затворена до 21 ноември за патувања што не се многу потребни со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти канадското Министерство за јавна безбедност. Границите на САД со двете земји-партнери за слободна трговија, Канада и Мексико, се затворени од март, а оттогаш мерката се продолжува секој месец. Границата е отворена само за трговија со стоки, како и за патувања што се сметаат за неопходни.
САД: Русија води онлајн операција за дезинформирање за коронавирусот
„Секој знае дека би сакале да се вратиме во нормала и дека би сакале границите да бидат отворени“, рече канадскиот премиер Џастин Трудо. Во Канада, неодамна се зголеми бројот на лица заразени со вирусот корона. Околу 10.000 луѓе починаа во земјата од почетокот на епидемијата. Соседните САД се најзагрозени со коронавирус во светот и се приближуваат до бројката од 220.000 починати.