Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

МОН: 107 позитивни наставници и ученици, 12 се од физичка настава

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на Ковид-19 кај ученици и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование. Во однос на основните училишта, МОН наведува дека од активните случаи – седум од учениците и пет од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата и известува дека во сите случаи се почитувани препораките од центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите.


Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар.



МОН: Да се почитуваат корона мерките и надвор од училиштата


„Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради КОВИД-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што има континуитет во образовниот процес. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Затоа, МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита“, соопшти МОН.


Министерството информира и дека успешно се спроведува наставата од далечина и околу 87 проценти од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкоти. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет-конекција потсетува дека часовите се емитуваат на Македонската радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.


Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus