Основното јавно обвинителство Скопје бара парични казни за случајот „Боемска“, во кој еден од актерите како гостин беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Обвинителството предлага со парична казна да се казнат сопственичката и менаџер на угостителскиот објект и еден вработен, а казна се предлага и за едно правно лице. Станува збор за угостителскиот објект во кој на 3 јуни во внатрешноста беа послужени пет гости, спротивно на здравствените протоколи за спречување на ковид-19.
Затекнатите гости, како што стои во соопштението од судот, не подлежат на кривична одговорност.
Во тој период на угостителските објекти не им беше дозволено да служат гости во затворениот дел на објектот.
Предлогот на обвинителот е двете физички лица и правното лице да бидат казнети со парична казна од по 2500 евра.
Мицкоски повикан во полиција за случајот од „Боемска улица“
Мицкоски на 3 јуни од страна на инспектори беше затекнат како седи во внатрешноста на кафеана во Дебар маало, иако тоа беше забрането поради ширење на ковид - 19. Мицкоски, по случајот, изјави дека тој бил во внатрешноста на угостителскиот објект, бидејќи не ги знаел доволно протоколите.