Полициски службеник изутрината е ранет во центарот на Загреб на плоштадот Марко , објави хрватското Министерство за внатрешни работи.
Напаѓачот е пронајден, одговара на описот даден од очевидците за пукањето на плоштадот Свети Марко и тој изврши самоубиство, напиша МВР на својот профил на Твитер.
„Според досега утврдените информации, можниот сторител на обидот за тешко убиство на полицаец утрово на плоштадот Свети Марко и исто така лицето кое изврши самоубиство во областа Јабуковац е 22-годишен хрватски државјанин“, објави хрватското Министерство за внатрешни работи на Твитер.
Полицискиот службеник бил опериран и неговата состојба е стабилна. Како што е наведено, изутрина, во 08:06 часот, била добиена дојава за пукање на плоштадот Свети Марко во Загреб. Медиумите цитираат изјави на очевидци дека полицаецот бил ранет од пушка што насилникот ја донел на плоштадот Свети Марко со своевидна количка.
Зградите на Владата, парламентот и Уставниот суд на Хрватска се наоѓаат на плоштадот Свети Марко. Засилено е полициското обезбедување околу зградата на Владата.