Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов пристигаат податоци од училиштата во кои има по еден позитивен наставник, а после епидемиолошката анкета ќе се знае колку ученици ќе бидат во изолација, истакна денеска директорката на ДСЗИ Иринка Сотирова Бухова на заедничката прес-конференција во Владата.
Според неа, во моментов една наставничка е позитивна од одделенијата од прво до трето и една од вишите одделенија. Бухова информираше дека до сега ДСЗИ има направено 544 вонредни инспекциски надзори низ основните и средните училипта на целата територијата во државава и дека се изречени 54 решенија издадени во однос на недоволна санитарна, техничка безбедност во нив.
Од друга страна министерката за образование Мила Царовска денеса изјави дека пет други наставници кои држеле он-лајн настава, се позитивни на корона откако почна новата учебна година.
"Но, тие работат од дома, па во училиштата каде предаваат, учениците не биле во контакт и наставата тече непречено , изјави министерката за образование Мила Царовска.