Европскиот парламент од денеска до 8 октомври ќе заседава во Брисел, а не во Стразбур, поради пандемијата на коронавирусот. Претседателот на парламентот Давид Сасоли, најавувајќи ја првата сесија од есенското заседавање рече: „За жал, поради неодамнешното зголемување на стапката на пренесување на коронавирус во Франција, особено на истокот моравме да го одложиме заминувањето на европратениците и вработените во Парламентот“. Претходно францускиот претседател Емануел Макрон побара сесијата да се одржи во Стразбур, каде што е седиштето на Европскиот парламент.
ЕП за мешањето на Унгарија во медиуми во Македонија и Словенија
Втората сесија на европарламентот е закажана за 19-22 октомври. Според европските договори, седиштето на Европскиот парламент е во Стразбур, каде што годишно се одржуваат 12 пленарни сесии, кои траат три и пол дена. Сепак, остатокот од времето пратениците работат во Брисел. Многу приврзаници на едно седиште на Европскиот парламент, во Брисел, редовно ги критикуваат финансиските трошоци за заминување на околу 2.500 луѓе во Стразбур, чиј огромен комплекс се користи само четири дена месечно.