Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Три предлог-закони од Преспанскиот договор на гласање во грчкиот Парламент

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Северна Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе се доставени во грчкиот Парламент и откако ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани, јави МИА од Атина.


Трите предлог закони се и првите што доаѓаат во грчкиот Парламент по промената на власта во Грција. Тие беа ратификувани, но не и со гласови од пратениците од Нова демократија, со оглед на тоа што, како опозиција беа против Договорот од Преспа и воопшто не ги поддржуваапак спогодбите што произлегуваат од него. Затоа, сега, од СИРИЗА ќе бараат гласањето за трите меморандуми да биде јавно, со прозивање на секој пратеник, јави МИА од Атина.


Првиот предлог закон, како што пишува во извештајот доставен до грчкиот Парламент, „ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи, како и за гарантирање на грчките интереси во Република Северна Македонија и целосно во регионот, во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан”.



Ципрас: Мицотакис да се извини за лагите за Договорот од Преспа
Заев: Нова меѓувладина седница со Грција во зима


Според извештајот за вториот предлог закон, меморандумот „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи”. Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Грција и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)”, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus