Санкционирани се десет возачи на мотоцикли кои учествувале во т.н. „диви трки“ на подрачјето на Град Скопје, поточно на скопската обиколница. Од нив, двајца мотоциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец, а мотоциклите ќе бидат упатени во Станица за технички преглед за понатамошна постапка.
Како што соопшти денеска МВР, возачите се санкционирани во рамки на акциската контрола што вчера ја спроведоа Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.
Полицијата кај десетте возачи на мотоцикли констатирала повеќе прекршоци.