Македонското МНР тврди дека државата е целосно посветена на спроведувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, ден откако бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачов се закани со блокада на македонскиот пат кон ЕУ. Од комисијата за историски прашања најавуваат средба месецов.