Американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс, со објава на Твитер, го поздрави формирањето на новата Влада и им честиташе на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство.
Собранието, по два дена расправа, со 62 гласа „за“, 51 „против“ и без воздржани, синоќа ја избра новата Влада на Северна Македонија. По гласањето, пратениците на опозицијата ја напуштија собраниската сала и не присуствуваат на давањето заклетва и на потпишувањето на свечените изјави.
Вархеји - Хан: Честитки за Владата со европска агенда
„Честитки до премиерот Зоран Заев и до парламентарното мнозинство за формирањето на новата влада. Како пријатели и партнери, очекуваме соработка со владата за натамошен континуиран напредок во однос на реформските цели за ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“, напиша амбасадорката Брнс на Твитер.