Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, информира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе се движи од 10 до 15 степени, а дневната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.
Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло.
Според УХМР од вторник дневните температури постепено ќе опаѓаат, а во четврток и во петок се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.