Вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија, како што е најавено, ќе започне со работна сесија за односите ЕУ-Русија, а треба да заврши со работен ручек за геополитичкото влијание на ковид-19 и стратегискиот одговор на ЕУ. Неформалниот состанок вчера започна со работна сесија за Белорусија, односно за најновите случувања во земјата и за можните реакции на ЕУ. Станало збор и за односите ЕУ-Турција, вклучително и во врска со моменталната состојба во Источниот Медитеран и поширокиот регион.
Шефот на германската дипломатија се вклучува во спорот меѓу Грција и Турција
На неформалните состаноци на министрите за надворешни работи на ЕУ не се носат одлуки. Затоа, не се очекуваат правни акти или заклучоци на Советот на оваа средба. Овие неформални состаноци се одржуваат двапати на годишно ниво, а домаќини се земјите кои во тој момент го имаат претседателството на Советот на Европската унија.