ВМРО-ДПМНЕ не треба да предложи свој кандидт за потпретседател на Собранието, објави денеска на својот ФБ профил поранешниот пратеник од Илија Димовски.
„Доколку сме сериозна партија кој има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката од јавноста за непотребно големиот број потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува“, напиша Димовски.
Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ги повика сите партии кои, како што пишува, „си направиле пазар за овие функции“ да го сторат истото.
Собраниска седница за бројот на потпретседатели
Дел од денешната собраниска седница е и утврдувањето на бројот на собраниски потпретседатели. Предлогот на спикерот Талат Џафери и тој да има пет заменици, односно пет потпретседатели на Парламентот.