Белоруските власти го ограничија пристапот до интернет страницата на Радио Слободна Еевропа во земјата Svaboda.org , како и на други десетици веб-страници во обид да ги контролираат информациите за протестите против претседателот Алиаксандар Лукашенко и резултатите од изборите на кои тој го доби шестиот мандат на функцијата. Налогот е издаден од Министерството за информации во услови коага се очекува масовните протести да продолжат во текот на викендот и покрај осудата и серијата на закани од властите против опозицијата.
„Целното блокирање на Svaboda.org на белорускиот сервис на РСЕ е дополнителен начин на кој владата на претседателот Лукашенко се обидува да не спречи да стигнеме до нашата публика со критични информации и да го изолира народот на Белорусија. Тоа е дел од целосна информативна блокада“, соопштија од РСЕ.
При вчитување на страниците, се појавува порака во која се вели дека пристапот е блокиран врз основа на одлуката на Министерството за информации на Белорусија. Меѓу другите блокирани интернет страници за вести се Белсат, Еврорадио и Медијазона Белорусија.
Лукашенко ѝ наредил на полицијата да им стави крај на протестите
Во пост-изборниот период беа приведени околу 7.000 луѓе, стотици беа повредени, а три лица загинаа. Десетици новинари беа приведени или малтретирани во текот на предизборната кампања и за време на известувањето од протестите, вклучително и неколку новинари од РСЕ.