Со 62 гласа „за“, Талат Џафери беше реизбран за претседател на Парламентот. Против гласаа 43 пратеници, а немаше воздржани. За избор на претседател на Собранието се гласаше рачно, со зелени и со црвени картончиња. Џафери потоа даде свечена изјава.
Собраниска расправа- власта „за“, опозицијата против Џафери
Во дискусиите кои му претходеа на гласањето, најголем дел од нив од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ преовладуваше критика кон старо-новата влада, предвидувања за краток рок на траење на ова мнозинство, а често беа споменува и меѓусебните препукувањата меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети во предизборниот период.