Претседателите на земјите членки на Вишеградската група, во која се Унгарија, Полска, Словачка и Чешка, денеска преку заедничка изјава ја повикаа Белорусија да го отвори патот за политичко решение на кризата, без насилство врз демонстрантите.
Путин нема воено да интервенира во Белорусија?
„Ги повикуваме властите на Република Белорусија да го отворат патот за политичко решение и да се придржуваат кон основните човекови права и слободи, истовремено воздржувајќи се од употреба на насилство врз мирните демонстранти“, се наведува во заедничката изјава.
Песков: Нема потреба Русија да ѝ помага на Белорусија
Во меѓувреме во Белорусија продолжуваат масовните протести кои почнаа на 9 август, денот на претседателските избори, кога победа прогласи актуелниот претседател Александар Лукашенко. Опозицијата не ги признава резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Цихановскаја.