Ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Дневната температура ќе биде од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 32 степена.