Температура од 54,4 Целзиусови степени е регистрирана во Калифорнија од американската Национална служба за метеорологија, а официјални лица велат дека тоа можеби било едно од најжешките времиња измерено со современи инструменти. Температурата била забележана во националниот парк Долина на смртта, соопшти временската служба, потенцирајќи дека е прелиминарна и сè уште не е официјална. „Доколку се потврди, ова ќе биде највисоката температура официјално потврдена уште од јули 1913 година, исто така во Долината на смртта. Бидејќи ова е екстремен температурен настан, забележаната температура ќе треба да помине официјален преглед“, се вели во соопштението.
Рекордни температури во рускиот арктички регион
Светската метеоролошка организација со седиште во Женева соопшти дека ќе започне со верификација. Во 1913 година, метеоролошката станица, исто така, во Долината на смртта, го забележа она што официјално останува светски рекорд од 56,7 степени Целзиусови. Но, валидноста е оспорена затоа што другите временски станици не пријавиле исклучителен топлински бран во тоа време и заради прашања во врска со точноста на постарите инструменти.