Министерството за надворешни работи на Иран го осуди договорот за воспоставување целосни дипломатски односи меѓу Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Израел, оценувајќи дека тоа нож во грбот на сите муслимани. Во соопштението од Министерството, Иран го нарече нормализирањето на односите меѓу двете земји – опасна „срамна“ мерка и ги предупреди ОАЕ против мешањето на Израел во „политичката равенка“ во регионот на Заливот.
„Владата на ОАЕ и другите придружни влади мора да прифатат одговорност за сите последици од таа акција“, се вели во соопштението.
Турција: Нема да се заборави лицемерието на ОАЕ
Претходно и турското МНР реагираше на договорот на Израел и ОАЕ: „Историјата нема да го заборави лицемерието на ОАЕ“.
Како што соопшти американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, Израел и ОАЕ ќе воспостават целосни дипломатски врски што ќе биде првата формална врска на Израел со една Заливска држава и трета со арапска држава. Според договорот, Израел вети дека ќе го запре суверенитетот врз областите на Западниот Брег што се предмет на анексија.
По склучувањето на договорот, во заедничката изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед ал Нахјан, стои дека се надеваат дека историскиот пресврт ќе придонесе за мирот на Блискиот Исток.