Во Албанија во последното деноноќие е регистриран нов негативен рекорд на новозаразени со ковид-19, но и највисока бројка на оздравени. Регистрирани се 140 новозаразени, од
кои половина се во Тирана. Во исто време оздравеле 101 пациенти, што е највисока бројка на оздравени досега во едно деноноќие.Во Албанија во изминатите 24 часа од ковид-19 починале пет пациенти, соопшти тамошното Министерството за здравство и социјална заштита.
Мета бара лекување со крвна плазма и бара помош од Италија
Во Албанија досега се регистрирани 6676 позитивни на вирусот, оздравеле 3.480 а починале 205 пациенти. Активни на болеста се 2.991 лице.