Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.
За 24 часа 253.000 новозаразени со коронавирус во светот
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти, почината е една пациентка од Скопје (51) во болнички услови“, соопшти МЗ.
Регистрирани 392 прекршоци за неносење заштитна маска
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083, бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306.