Најмалку 50 луѓе настрадале во текот на тридневните обилни врнежи од дожд, поплави и лизгање на земјиштето во Пакистан, соопштија властите на земјата.
Дождовите оштетиле околу 100 домови и предизвикале поплави во провинцијата Синд, поради што премиерот Имра Кан нареди војската да се вклучи во спасувачките операции, која од неодамна ги користи бродовите на морнарицата за спасување и евакуација на загрозените. Според прогнозата на метеоролозите, обилните дождови ќе продолжат и во текот на следната недела.
Во поплави и лизгање на земјиште во Пакистан исчезнати 24 лица
Секоја година пакистанските градови се обидуваат да се справат со монсунските поплави, а пакистанските власти се често критикувани за лошо планирање на инфраструктурата. Сезоната на монсуните трае од јуни до септември.