Обвинителот во рускиот град Перм побара затворски казни за тројцата активисти обвинети за вмешаност во поставувањето скулптура на рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година.
Организацијата за човекови права „Извинување за протест“ денеска соопшти дека обвинителството побарало затворски казни од 18 месеци до три години.
Обвинителството тврди дека тројцата обвинети го нарушиле општествениот поредок со активности мотивирани од политичка, идеолошка и социјална омраза.
Тројцата беа уапсени и обвинети во јануари 2019 година поради фигурата со ликот на Путин поставена во центарот на Перм во 2018 година.
Скулптурата беше облечена во црно-бела затворска униформа и на неа пишуваше „Лажго“ и „Воен злосторник“.