Најмалку 27 луѓе се удавиле кај брегот на Мавританија, кога се превртело бротчето кое превезулвало мигранти, соопштија денеска ОН. Според податоците на Агенцијата за мигранти на ОН, се стравува дека вчера настрадале над 40 луѓе.
Крајбрежната стража на Мавританија денеска спасила едно лице кое преживело.
Бротчето пред неколку дена тргнало од Западна Сахара кон Канарските Острови. Поради проблеми со моторот, останале заглавени на отворено море, а луѓето по некое време почнале да дехидрираат.
Поголемиот дел од мигрантите бил од субсахарска Африка.
Брод со 60 мигранти потонал во Турција
ОН ги повикаа владите да се пресметаат со мрежите за криумчарење мигранти и трговија со луѓе, кои ги искористуваат очајните мигранти кои сакаат да стигнат до Европа.
Од 2005 до 2010 година илјадници мигранти загинаа на опасното патување од Мавританија до Канарските Острови, по што почнаа да бараат други патишта.