Цивили и талибански милитанти се убиени во судири и напади низ Авганистан, во време кога има мировните напори за ставање крај на скоро 19-годишната војна. Од Министерството за одбрана соопшти дека најмалку 16 талибански милитанти биле убиени во два одвоени судири со владините сили во источната провинција Газни. Тоа се првите директни судири меѓу талибанците и владините сили за безбедност откако беше објавен неодамнешниот прекин на огнот.
Авганистанските власти не сооштија колку жртви има од нивна страна.
Властите соопштија дека седум цивили се убиени кога нивното возило удрило во нагазна мини во областа Каш Род во западната провинција Нимроз доцна на 5 август. Засега никој не презеде одговорност за нападот, но во минатото за такви напади се обвинуваа талибанците.
Освен во провинцијата Газни, судири меѓу талибанците и владините сили имало и во северната провинција Баглан, при што загинале четворица милитанти.
Талибанците и владините сили договорија тридневно примирје за одбележување на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, кој започна на 31 јули.