Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе започне со означување на налозите на државните медиуми и дека ќе преземе и други чекори за да се ограничи ширењето на кампањи кои се под влијание на влади или држави.
Во денешното соопштение на Твитер се наведува и дека нема да ја зголемува видливоста на налозите преку своите системи за препорака.
„За разлика од независните медиуми, државните медиуми честопати покривањето на вестите го користат како средство за унапредување на политичката агенда. Веруваме дека луѓето имаат право да знаат кога налогот за медиуми е поврзан директно или индиректно со државен актер“, се вели во соопштението на Твитер.
Твитер и Фејсбук го санкционираат Трамп за дезинформации
Соопштението на Твитер доаѓа неколку месеци по сличен потег на Фејсбук, кој започна со означување на медиуми зад кои стојат влади.