Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со ковид-19. И понатаму во Скопје има најмногу -47, следни се Штип со 23 и Куманово со 17, Гостивар-15, Тетово и Кичево по 12, Македонски Брод-10, Кавадарци-9, Охрид 3, Виница, Свети Николе и Неготино по два, Гевгелија Струмица, Демир Хисар, Дебар и Битола по еден.
Починати се четири пациенти, еден од Скопје (77 г.), еден од Кичево (72 г.), еден од Штип (58 г.) и еден од Битола (70 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројката на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.