Американскиот федералниот апелационен суд му ја поништи смртната казна на напаѓачот на Бостонскиот маратон Џокар Царнаев. Царнаев е натурализиран американски граѓанин, кој потекнува од Чеченија. Тој е осуден за бомбашкиот напад во 2013 година за време на маратонот во Бостон, при што загинаат три лица, а 260 беа повредени.
Американски апелационен суд во Бостон на рочиштето на 31 јули потврди голем дел од пресудата за Царнаев, но нареди да се одржи ново судење за тоа каква казна треба да добие за делата за кое е осуден. Судот констатирал дека судијата кој го водел процесот против Царнаев недоволно ги проверил поротниците за пристрасност. Судиите во Апелациониот суд се сложиле дека смртната казна треба да се поништи. Судијата кој го напишал мислењето констатирал дека Царнаев остатокот од животот ќе го мине во затвор, но прашање е дали ќе биде погубен.
Напаѓачот од маратонот во Бостон осуден на смрт
Царнаев беше осуден на смрт во 2015.
Тој и неговиот брат на 15 април 2013 поставија бомби во близина на финишот на Бостонскиот маратон. Џокар Царнаев беше прогласен за виновен за поставување домашно направени бомби за време на маратонот, како и за тоа што три дена по настанот застрела полицаец во обидите за бегство. Царнаев на време на судењето призна дека го извршил нападот.
Неговиот брат, Тамерлан Царнаев, беше застрелан од полицијата неколку дена по бомбашкиот напад.