Во земјава досега се регистирирани 10.754 заразени од коронавирус, починаа 486, а се излекуваа 6.554 лица. Во моментов се активни 3.714 случаи.
Најмногу активни случаи се уште се бележат во Скопје каде има 1.488 случаи, а најмалку во Берово -2. По општини во Скопје најмногу активни случаи има во Чаир и Аеродром, по 171, во Бутел 97, Гази Баба – 145, Центар – 130, Карпош – 136, Сарај – 78,Кисела Вода – 157, Ѓорче Петров – 107, Студеничани – 64, Шуто Оризари – 117, Арачиново – 26, Илинден – 23, Петровец – 18, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 23, Зелениково- 7, странци – 4 и петмина се нераспределени.
Што ако никогаш не се развие вакцина за ковид-19?
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани девет возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и едно дете позитивно на вирусот, како и осум пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.